Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови социјални пакети со прехранбени производи наменети за самохрани родители од општината.
Ова е втор пат во изминатите два месеци на ваков начин општината да им излезе во пресрет на самохраните родители. Ваквата пракса, како и обезбедување различни видови помош на ранливи категории ќе продолжи и во иднина.
Општината упатува благодарност до фирмите кои покажаа општествена одговорност и ги донираа пакетите за оваа категорија лица.