Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски продолжува со праксата за редовни средби со граѓаните во просториите на општината.
Поради пандемијата и почитување на здравствените протоколи, потребно е заинтересираните граѓани претходно да се јават за да закажат средба со градоначалникот на телефонскиот број 20 44 411.