Во Општина Ѓорче Петров се гради нова атмосферска канализација на улица „Радушка“, една од најстарите улици во должина од 1115 м, со што се решава децениски проблем со атмосферските води на жителите од овој дел на општината.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во градежните активности.

Како што рече Стојкоски, ветувањата кои ги дале пред граѓаните ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период.

Share