Градоначалниците на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и на Град Скопје Данела Арсовска го закроија лозјето близу црквата Свети Трифун во Кучково по повод истоимениот денешен празник.

Чинот претставува желба за бериќетна и плодна година со желби за род на грозјето.

По повод празникот беше одржана и богослужба во црквата.

-Свети Трифун е поим за младост и доследност кон христијанските традиции. Црквата го чествува неговиот ден како ден на лозарите и градинарите. Овој ден за жителите на Кучково и околината е особено значаен и претставува вековна традиција која во иднина заеднички ќе ја негуваме – изјави Стојкоски.

Share