Во ООУ ″Мирче Ацев″- стартуваше проектот насловен ″Дигитални училници со веб 2.0 алатки″ во рамки на Еразмус плус програмата.

Учесници ќе бидат ученици и наставници од Романија, Португалија и два тима од Турција. Во текот на работната недела учесниците ќе работат на осовременување на наставниот процес со примена на современи образовни алатки во наставата.

Заеднички ќе проследат обука за образовни алатки за уредување на слики, ќе имаат натпревар за изработка на најдобар постер, а наставниците ќе работат и на E-Twining  платформата.

На ваков начин и преку вакви програми се обидуваме максимално да ги осовремениме процесите на учење и на надоградување на наставниот кадар и како општина активно ќе продолжиме во насока на подобрување на состојбите во образовните институции.

Share