Се одржа првата работна средба на тимовите од општина Ѓорче Петров и општина Ново Брдо кои заеднички го имплементираат проектот “Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со отпад во пограничниот регион” финансиран од IPA II CBC програмата на ЕУ.
На работната средба се дискутираше за активностите кои ќе се имплементираат во првиот проектен квартал, како и временската рамка и рерсурсите потребни за реализација на проектот.
Тимовите продолжуваат и понатаму да работат заеднички со цел постигнување на проектните резултати: подигнување на нивото на свесност за зачувување на животната средина, усогласување на проектните активности со националната и ЕУ регулатива и отпочнување постапка за изградба на станица за третман на отпадни води во с.Орман.