Заради зголемување на безбедноста на најмладите жители во непосредна близина на детското игралиште на улиците „Христо Батанџиев“ и „Мајски Манифест“ поставени се т.н.„легнати полицајци“ за успорување на брзината на возилата.

Поставени се и на ул.„Новопроектирана 3“ поради забележано зголемениот број фрекфенција на возила, а заради близината на кејот на Вардар каде граѓаните се релаксираат во слободно време, како и во Стопански Двор на улица „1“, односно на патот кој води кон црквата и гробиштата.

Општината го решава недостигот на вакви решенија на фрекфентните улици систематски и согласно можностите.

Share