Се изведуваат завршните работи со поставување асфалт на повеќе локации во општина Ѓорче Петров.

Улица „Кичевска“ во Хром-се асфалтира делот од колекторот на атмосферската канализација која продолжува кон улицата „Манчу Матак“. На ул. „Радушка“ во УЗ Ѓорче Петров, се изведуваат финални градежни работи по трасата на новата атмосферска канализација во должина од приближно 1.200 метри

Во с. Орман, пак,  се изведува асфалтирање на улиците во делот на поставената нова канализациона мрежа.

Активно работиме на подобрување на условите за живот подеднакво во урбаниот и руралниот дел на општината

Share