Комуналната служба на општина Ѓорче Петров продолжува со континуирано косење и уредување на тревните површини и парковското зеленило.

Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период. Подобрената услуга од Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров ќе резултира со чисти улици и средени паркови, со чиста и зелена општина.

Се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во парковите и на другите локации предвидени за одмор и рекреација.

Share