На последната седница на Совет на Општина Ѓорче Петров беше предложен и изгласан ребаланс на Буџетот со кој се даде поддршка на повеќе капитални проекти, а се издвоија и дополнителни средства за справување со енергетската криза и високите сметки за електрична енергија.
Со ребалансот предвидени се дополнителни 13.800.000 денари за електрична енергија. дополнителни 1.000.000 денари за изградба на системот за водоснабдување во с.Кучково и решавање на проблемот, дополнителни 900.000 денари за кофинансирање на проект за фекална канализација на ул. Радушка и 2.000.000 денари средства за кофинансирање на проект за реставрација и преадаптација на старото училиште во с. Кучково во центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер, проект од регионален и национален интерес.
Советниците гласаа и за 6.000.000 денари за изведба на завршни градежно-занетчиски работи во објектот на новата општинска зграда, дополнителни 1.500.000 денари за изградба на нова канализациона мрежа и дополнителни 1.000.000 за нова водоводна мрежа.