Со поддршка на УСАИД И МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC во рекордно време заврши замената на азбестниот кров на спортската сала во ООУ „Страшо Пинџур“.

Извршена е реконструкција на носечката конструкција, поставена е термоизолација, целосно е променет кровот и поставена е нова громобранска заштита на објектот.

Проблемот со прокиснување веќе е минато, а учениците добиваат подобри услови за спортски активности.

Вкупната инвестиција е 1.858.132 денари.

Share