Општина Ѓорче Петров стартуваше со завршната фаза од реализацијата на реконструкцијата на ул.„Манчу Матак“ – улица која со децении беше во лоша состојба, а се наоѓа во урбаното јадро на општината.
Со ова, Хром добива целосно реконструирана сообраќајница со поставена нова мрежа за атмосферска канализација и обновени тротоари.
Извршена е целосна реконструкција на коловозот во должина од 750 метри, поставена е целосно нова линија за атмосферска канализација, обновени се тротоарите и извршена е реконструкција на електричната инсталација и мрежата по трасата.
Следи поставување на финалниот асфалтен слој и обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.