Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина во Домот на културата организираше крводарителска акција.

Благодарение на добриот одговор и заинтересираноста на хуманите жители успеавме да обезбедиме 53 крвни единици.

Голема благодарност до сите кои уште еднаш покажаа солидарност кон оние на кои капка крв им значи живот. Уште еднаш докажавме дека Ѓорче со право го носи епитетот хумано.

Share