Градоначалникот на општина Ѓорче Петров заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во финалната фаза од реконструкцијата на улицата „Манчу Матак“ во Хром.
Изведена е нова линија на атмосферска канализација во должина од 850 метри заедно со краците, асфалт во должина од 650 метри и нови тротоари со површина од 1.700 метри квадратни.
Делот на атмосферската канализација на „Манчу Матак“ понатаму се приклучува на главниот колектор под улицата „Кичевска“ и се движи кон реката Вардар.
При изведба на работите на оваа улица се изврши и делумна промена на инсталациите за електрична енергија со што се подобрува снабдувањето на овој дел од општината.
Проектот е финансиран преку заем од МСИП 2 програмата на Светска банка, преку Министерството за финансии.