Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје ќе додели 15 стипендии за упис на додипломски студии за младите од општина Ѓорче Петров за академската 2022/2023 година.

Во оваа насока, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и ректорот на УТМС, проф.д-р Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка кој покрај стипендиите, опфаќа разни активности и проекти од областа на образованието и науката.

Добитници на стипендиите ќе бидат од повеќе категории – најуспешни ученици во Ѓорче Петров, млади од социјално-загрозени семејства и дел од општинската администрација кои сакаат да го надградат своето образование.

Сите стипендисти ќе бидат целосно ослободени од школарината и трошоците кои би ги имале во текот на студирањето.

Share