Општина Ѓорче Петров оваа година ќе биде домаќин на младинскиот шаховски фестивал „КВАЛИТЕТ 2026“, кој одбележува значаен јубилеј – 10 години успешно организирање на шаховски натпревари и промоција на младинскиот шах.

Фестивалот претставува еден од најзначајните младински шаховски настани во регионот и ќе собере повеќе од 200 млади шахисти од Македонија, Бугарија и Турција.

Во рамки на фестивалот ќе се организираат:

• Турнир за деца до 8 години

• Турнир за деца до 10 години

• Меѓународен OPEN турнир за млади шахисти до 20 години

Настанот е во организација на ИМ Орце Данчевски и ШК „Гамбит“, на кои Општина Ѓорче Петров им упатува искрена благодарност за посветеноста, ентузијазмот и придонесот во развојот на шахот и младите таленти.

Преку вакви настани, Општина Ѓорче Петров продолжува активно да вложува во младите, спортот и интелектуалниот развој, создавајќи средина која ги поттикнува знаењето, натпреварувачкиот дух и спортските вредности.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршка на иницијативи кои придонесуваат за афирмација на младите и промоција на општината како центар на спортот, талентот и успехот.

Share