Општина Ѓорче Петров се приклучи на големата еколошка акција организирана од Град Скопје, со заедничка цел за почиста, позелена и поздрава животна средина.

Заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалниците на скопските општини, беше испратена јасна порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност и дека секој од нас има важна улога во одржувањето на чистотата и уреденоста на местото во кое живее.

Во Ѓорче Петров, со заеднички сили и активно учество на граѓаните, општинската администрација и комуналните работници, се спроведоа активности за чистење и уредување на јавните површини, со цел да се придонесе за почиста и попријатна средина за сите жители.

Посебен придонес дадоа учениците и наставниците од основните училишта во општината, кои со своето учество покажаа дека еколошката свест и грижата за заедницата се градат уште од најрана возраст. Нивниот пример е поттик за сите нас да развиваме одговорни навики и да придонесуваме за зачувување на животната средина.

Општина Ѓорче Петров упатува благодарност до сите учесници во акцијата за вложениот труд, посветеноста и заедничкиот придонес. Секое исчистено катче и секоја уредена јавна површина сме чекор кон поубаво Ѓорче Петров.

Share