Ѓорче Петров викендов беше центар на македонската традиција, љубов и гордост, преку одржувањето на четвртото државно првенство за македонски паничар – наша автохтона раса која претставува симбол на верноста, традицијата и македонскиот дух.
Настанот, кој се одржа во паркот во Ѓорче Петров, обедини бројни љубители на кинологијата, сопственици и одгледувачи на македонски паничар, како и голем број граѓани кои имаа можност да уживаат во прекрасните примероци на оваа уникатна македонска раса.
Посебна вредност на настанот му дадоа младите таленти кои преку ликовни и поетски творби ја изразија својата љубов кон македонското наследство, култура и традиција.
Упатуваме искрени честитки до сите учесници, добитници на награди и организатори за успешно реализираниот настан, а особена благодарност и признание до Влатко и Маријан Костовски, кои со својата посветеност, ентузијазам и љубов се значајни двигатели на развојот на кинологијата во Ѓорче Петров.
Општина Ѓорче Петров продолжува посветено да ги негува традицијата, вистинските вредности и македонското културно наследство, поддржувајќи настани кои го промовираат она што е наше, македонско и автентично.
Да го чуваме и достоинствено да го пренесуваме македонското наследство на идните генерации.



















