Во текот на зимскиот распуст беа реализирани значајни инфраструктурни зафати во ООУ „Ѓорче Петров“, со цел унапредување на условите за учениците и наставниот кадар.

Извршена е целосна реконструкција на училишните тоалети, со што се обезбедени современи, хигиенски и безбедни услови за секојдневна употреба. Во рамки на обновата, изграден е и нов тоалет со целосен пристап за лица со телесна попреченост, како дел од заложбите за инклузивно и достапно образование.

Дополнително, во спортската сала е извршена замена на системот за греење, со што значително се подобруваат условите за одржување на наставата по физичко образование, спортските активности и рекреацијата.

Инвестициите во образовната инфраструктура продолжуваат континуирано, со јасна цел – создавање безбедни, достоинствени и современи училишни средини. Грижата за учениците и наставниот кадар претставува трајна обврска и приоритет.

Образованието го градиме со дела, а училиштата ги унапредуваме со визија.

Share