Општина Ѓорче Петров продолжува со интензивна работа на терен и реализација на инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Во населбата Кисела Јабука започнува целосна реконструкција на улица 44, со што значително ќе се подобрат условите за движење, безбедноста во сообраќајот и квалитетот на живот на жителите во овој дел од општината.

Овој проект е дел од пошироката стратегија за унапредување на локалната патна инфраструктура и решавање на реалните потреби на граѓаните на терен.

Со реконструкцијата се обезбедува современо и пофункционално уредување на улицата, кое ќе придонесе за подобра поврзаност и поурбан изглед на населбата.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирани инвестиции во инфраструктурата, со јасна цел – подобри услови за живот и рамномерен развој на сите населени места.

Share