Инспекциските служби на Општина Ѓорче Петров, во координација со припадниците на ПС Ѓорче Петров, спроведоа теренска контрола во околината на пазарот.
Целта на активностите е да се обезбеди почитување на законските прописи, непречено користење на јавниот простор и создавање уредна и безбедна средина за сите граѓани.
Општина Ѓорче Петров продолжува со засилени инспекциски контроли и координирани активности со надлежните институции, со цел одржување на редот и почитување на прописите.











