Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски го посети Центарот за помош на лица со интелектуална попреченост „Порака“- Неготино / Волково, каде оствари средба со корисниците и вработените и учествуваше во дел од нивните секојдневни активности.
За време на посетата беа споделени подароци, искрени разговори и моменти исполнети со насмевки, топлина и радост. Оваа средба уште еднаш потсети што значи вистинска човечност, грижа и посветеност кон секој поединец.
Колективот на „Порака“ не само што обезбедува поддршка и грижа, туку секојдневно покажува љубов, разбирање и сила, претставувајќи жив доказ дека инклузијата не е само збор, туку дело што се гради со срце и искрена посветеност.
-Таму каде што има љубов, прифаќање и внимание, таму има иднина. Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе биде партнер и поддржувач на ваквите иницијативи, затоа што заедништвото и солидарноста се темел на едно хумано општество – порача градоначалникот Стојкоски.
Општината ќе продолжи да ги поддржува активностите и програмите насочени кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и унапредување на инклузивното општество.












