Во тек е реконструкцијата на улица 60 во Волково, проект што Општина Ѓорче Петров го реализира во соработка со Град Скопје, со цел подобрување на инфраструктурата и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.

Во рамки на активностите, беше извршен увид во текот на реконструкцијата од страна на градоначалникот Александар Стојкоскил, при што беше потенцирана важноста од континуирано вложување во уличната инфраструктура и решавање на потребите на жителите.

Уредената и функционална улична мрежа е значаен предуслов за побезбедно и полесно движење, како и за подобрување на секојдневието на семејствата кои живеат во оваа населба.

Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на инфраструктурни проекти во соработка со Град Скопје, со јасна определба за рамномерен развој на населените места и создавање поуредена, пофункционална и попријатна општина за сите граѓани.

Share