Денес, во Општина Ѓорче Петров, започна четиридневната обука за самовработување, претприемништво и изработка на бизнис-планови, организирана од ИНОВА и Агенцијата за вработување, со учество на 60 лица подготвени да направат важен чекор кон сопствен бизнис.

Преку ваквите иницијативи создаваме можности за стекнување нови знаења, развивање претприемачки вештини и поттикнување на локалниот економски развој.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршката на граѓаните кои имаат визија, иницијатива и желба да создаваат нови можности. Веруваме дека со соработка, знаење и соодветна поддршка, добрите идеи можат да прераснат во успешни бизниси, нови работни места и подобри перспективи за нашата заедница.

Им благодариме на организаторите за соработката, а на сите учесници им посакуваме успешна обука и многу успех во реализацијата на нивните бизнис-идеи!

Share