Завршено е со реконструкцијата и асфалтирањето на три краци од улицата 102, а во тек се активности за уредување на уште четири краци.

Со реализацијата на проектот, жителите ќе добијат околу 2.000 метри нови и современи улици, со што значително ќе се подобрат условите за движење и секојдневно функционирање во населбата.

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во патната инфраструктура, со цел секое маало да добие подобри и поквалитетни услови за живот.

Share