Премиерот Христијан Мицкоски ја претстави новата веб-платформа за транспарентно следење на државните и локалните инфраструктурни проекти, настан на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Новата платформа претставува модерна алатка која им овозможува на граѓаните во секое време да добијат јасен увид во тоа каде се инвестира, како се реализираат проектите и до која фаза се наоѓаат. Ова е значаен чекор напред во зајакнување на институционалната транспарентност, отчетноста и довербата помеѓу институциите и граѓаните.

Ѓорче Петров е меѓу општините со најголем број успешно реализирани капитални проекти во последните години – реконструирани улици, нови паркови, спортски комплекси, училишта, детски градинки и низа нови јавни услуги што го унапредија квалитетот на живот на жителите.

Градоначалникот истакна дека секој граѓанин мора да има јасен и транспарентен увид во тоа како се трошат буџетските средства, а токму оваа платформа претставува важна победа за транспарентноста и довербата.

Share