Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници, на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром е поставена соодветна сообраќајна сигнализација за воспоставување „Зона 30“, со ограничување на брзината на движење до 30 километри на час.
Со воведувањето на оваа зона се очекува да се придонесе кон поголема безбедност на улицата, особено за најранливите учесници во сообраќајот -децата, пешаците и велосипедистите.
Намалувањето на брзината на движење овозможува побрза реакција во непредвидени ситуации и создава побезбедни услови за секојдневно движење на жителите во населбата.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упатува апел до сите возачи да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да ја прилагодат брзината на движење и да придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за унапредување на сообраќајната безбедност и создавање побезбедна средина за живот на сите граѓани.






