Во рамки на теренските активности за креирање на општинскиот буџет за 2026 година, претставниците на Општина Ѓорче Петров предводени од градоначалникот Александар Стојкоски, денес остварија средба со жителите на Волково.

Средбата повторно покажа дека најдобрите решенија се создаваат кога се разговара директно и отворено со граѓаните.

Жителите ги изнесоа своите приоритети, забелешки и предлози, а секоја од нивните сугестии беше внимателно нотирана како дел од процесот на заедничко буџетирање.

Нашиот принцип останува јасен: работа на терен, меѓу луѓето, со реални и изводливи решенија. На овој начин градиме поголема транспарентност, меѓусебна доверба и одговорност кон секој жител на Ѓорче Петров.

Share