Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваваа на свеченото отворање на Центарот за дневен престој и индивидуален третман „Во мојот свет“ во Ѓорче Петров – простор посветен на грижата, поддршката и унапредувањето на квалитетот на живот на децата и младите со попреченост.

Отворањето на овој центар претставува значаен чекор кон создавање поинклузивна заедница, во која секое дете ќе има можност за развој, социјализација и достоинствен живот. Центарот ќе обезбеди стручна поддршка, индивидуален третман и безбедна средина за корисниците и нивните семејства.

Упатуваме искрена благодарност до здружението „Во мојот свет“, до сите институции, компании, донатори и хумани граѓани кои со својата посветеност и поддршка придонесоа овој значаен проект да стане реалност.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на креирање политики и проекти што значат еднакви можности, грижа и поддршка за сите наши сограѓани. Продолжуваме да ја градиме Општина Ѓорче Петров како општина со срце во која секое дете е важно и има еднаква шанса за подобра иднина.

Share