Во рамки на серијата теренски консултации „Создаваме буџет, создаваме иднина заедно“, претставници од Општина Ѓорче Петров вечерва одржаа средба со жителите од централниот дел на општината – срцето на Ѓорче Петров.
Разговорите со граѓаните беа отворени, искрени и исклучително конструктивни. Токму ваквиот пристап е клучен за заедничко креирање на реален, одржлив и транспарентен буџет.
Жителите ги претставија своите приоритети, забелешки и идеи, а претставниците на општината понудија јасни насоки и решенија за дел од актуелните предизвици. Средбата уште еднаш потврди дека народот најдобро знае кои потреби треба да се адресираат.
Буџетот се создава таму каде што треба – на терен, со народот. Тоа е вистинска транспарентност, вистинска одговорност и вистинско работење за доброто на заедницата.











