Општина Ѓорче Петров е главен покровител на „Геге Куп 2026“, спортски настан кој на едно место ги обединува љубовта кон фудбалот, спортскиот дух, дружењето и заедништвото.
Турнирот ќе се одржи на 8 септември 2026 година, а Општина Ѓорче Петров активно се вклучува во неговата реализација, препознавајќи ја важноста на спортот како двигател на здравиот начин на живот, позитивните вредности и развојот на младите.
„Геге Куп“ е повеќе од фудбалски турнир – тој е можност за дружење, фер-плеј и создавање нови спортски пријателства, со што дополнително се збогатува спортскиот живот во општината.
Општина Ѓорче Петров ќе биде дел од настанот и како специјален гостин, а од општината ги повикуваат сите љубители на спортот да се придружат и заедно да придонесат за создавање уште еден убав спортски ден исполнет со енергија, натпреварувачки дух и позитивна атмосфера.
Поддршката на ваквите настани е дел од определбата на Општина Ѓорче Петров за создавање современа и активна спортска заедница, во која младите имаат можности за спорт, рекреација, дружење и здрав развој.


