Општина Ѓорче Петров стартуваше со асфалтирање на 800 метри комплетно нова сообраќајна врска меѓу Волково и Кисела Јабука, со што значително се подобрува патната инфраструктура и поврзаноста на овие населени места.
Станува збор за важен локален инфраструктурен проект кој директно ќе го олесни секојдневното движење на жителите, создавајќи побезбедни, почисти и подобри услови за сообраќај.
Со реализацијата на новиот пат, жителите повеќе нема да се соочуваат со прашина и кал, а добиваат современа сообраќајна врска која ќе служи и за идните генерации.
-Инвестициите во патната инфраструктура значат инвестиции во квалитетот на животот. Овој пат не е само 800 метри асфалт – тој е нова врска, нова можност и чекор кон подобро и помодерно Ѓорче Петров. Продолжуваме да градиме инфраструктура која ги решава реалните потреби на граѓаните и остава трага за генерациите што доаѓаат – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Продолжуваме со реализација на капитални инфраструктурни проекти во сите населени места, со цел создавање современа, функционална и рамномерно развиена општина.











