ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ е првото училиште во општината во кое е воведен современ, енергетски ефикасен систем за греење со топлински пумпи, што претставува значаен чекор кон одржливо и еколошко образование.

Со замената на досегашниот систем за греење на нафта, се постигнува значително намалување на загадувањето, поефикасно и попрецизно управување со процесот на греење, како и заштеда на енергија и финансиски средства.

Проектот е реализиран во соработка со UNOPS и опфати целосна реконструкција и надградба на постојниот систем за греење, со што се обезбедуваат поквалитетни и постабилни услови за учениците и наставниот кадар.

Овој модел на енергетска ефикасност ќе биде имплементиран и во останатите училишта, како дел од стратешката заложба за намалување на загадувањето и создавање поздрави училишни средини.

Континуирано инвестираме во образованието за поудобни, поодржливи и еколошки училишта, во интерес на сегашните и идните генерации.

Share