Во населбата Волково започна поставување на нова канализациона мрежа во должина од 500 метри на улица 31.

Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат се создаваат услови за идно асфалтирање на улицата, како и за воспоставување подобра и побрза сообраќајна поврзаност кон обиколницата.

Овој проект претставува значаен чекор кон подобрување на комуналната инфраструктура и квалитетот на живот на жителите на Волково.

Општината и во наредниот период продолжува со реализација на проекти кои обезбедуваат подобра инфраструктура, поголема безбедност и функционалност и подобра поврзаност меѓу населените места.

Share