Советот на Општина Ѓорче Петров јасно и недвосмислено ги отфрла сите невистини и манипулации поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови на територијата на општината.
Во Општина Ѓорче Петров нема, ниту било побарано, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови или трајно сместување мигранти. Сите информации кои се пласираат во јавноста со таква содржина се целосно неточни и претставуваат дезинформации.
Свесното ширење лажни вести создава страв и несигурност кај граѓаните, ја нарушува стабилноста и соживотот во локалната заедница и претставува неодговорно однесување во јавниот простор.
Општина Ѓорче Петров останува цврсто посветена на заштита на безбедноста, јавниот ред, меѓуетничката стабилност и мирниот живот на своите граѓани. Во таа насока, Советот ги повикува сите политички чинители и јавни актери на одговорен јавен говор, почитување на фактите и воздржување од ширење дезинформации.
Мнозинството во Советот на Општина Ѓорче Петров, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, на седница на Советот ги усвои следните заклучоци:
- Нема мигрантски кампови во општината;
- Не е побарано ниту е договорено прифаќање мигранти;
- Нема да биде дозволено трајно сместување мигранти.
Советот дополнително констатира дека:
- Се осудуваат лажните информации и политичките манипулации;
- Дезинформациите создаваат паника и несигурност кај граѓаните;
- Се потврдува јасна политика против нелегалната миграција;
- Се дава поддршка на мерките на Владата за безбедност и стабилност;
- Се штитат меѓуетничките односи, мирот и соживотот.
Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да дејствува одговорно, транспарентно и во интерес на безбедноста и благосостојбата на сите свои граѓани.








