На реконструираната улица „Воин Драшкоци“ во Општина Ѓорче Петров се поставува целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел да се унапреди безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во рамки на мерките за зголемување на сообраќајната безбедност, на две локации долж улицата ќе бидат поставени и успорувачи на брзината. Улицата е определена како Зона 30, што значи дека максималната дозволена брзина на движење е 30 километри на час.

Од Општина Ѓорче Петров апелираат до сите возачи доследно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и ограничувањето на брзината, особено имајќи ја предвид безбедноста на пешаците и децата.

Непочитувањето на сообраќајните правила и непрописното возење со кое се загрозуваат останатите учесници во сообраќајот ќе биде предмет на санкционирање од страна на надлежните органи.

Со воспоставувањето на Зона 30, Општина Ѓорче Петров продолжува со мерки за создавање побезбедна сообраќајна инфраструктура и побезбедни улици за сите граѓани.

Share