Во духот на православната традиција и верата, на големиот христијански празник  Богојавление – Водици беа одржани два значајни настани во Волково и во Хром.

Во осветените води на реката Лепенец, во Волково, светиот крст го извади Стефан Спировски, додека во реката Вардар, светиот крст го извади Теодор Тримчевски.

Нека им дарува Господ здравје, среќа и благослов.

Овие настани уште еднаш потврдуваат дека додека имаме млади луѓе кои ја сакаат верата, ја почитуваат традицијата и ги негуваат православните обичаи, ќе имаме причина да се радуваме и да веруваме во убави и светли работи.

Share