Општина Ѓорче Петров и оваа година со радост ги пречекува најмалите и активно учествува во традиционалните Бадникови поворки, кои ќе се одржат на 6 јануари – Бадник.
Во 9:30 поворката тргнува од црквата Св. Петар и Павле.
Во 10:00 часот, група дечиња ќе пристигнат во просториите на Општина Ѓорче Петров, носејќи ја бадниковата радост, песната и празничниот дух.
Потоа, заедно со децата од другите општини, ќе се приклучат на главната манифестација, која започнува во 12:00 часот.
Пред Музејот на Град Скопје ќе се формира најголемата бадникова поворка, која свечено ќе се упати кон Плоштад „Македонија“, каде настанот ќе кулминира со голем божикен мјузикл.
Со Божикната радост, срца да стоплиме!


