Општина Ѓорче Петров продолжува со реализација на капитални проекти во образованието. Оваа година, основното училиште „Страшо Пинџур“ ќе добие доградба, со што станува трето училиште на територија на општината во кое се инвестира во проширување на капацитетите.

Проектот за доградба е финансиран од Министерството за образование и наука, а Советот на Општина Ѓорче Петров едногласно донесе одлука за целосно ослободување од плаќање на комуналии за доградба и надградба на училиштето.

Со оваа инвестиција се обезбедува дополнителен простор и значително подобрат условите за реализација на едносменска настава, што директно ќе придонесе за поквалитетен образовен процес и подобра училишна средина за учениците.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на паметно и одговорно инвестирање со јасна цел – унапредување на образованието и создавање подобра иднина за децата.

Share