Општина Ѓорче Петров продолжува со активностите за уредување и одржување на каналската мрежа, со цел подобрување на одведувањето на атмосферските води и намалување на ризикот од поплави во населените места.
Во населеното место Стопански Двор во тек е интензивно чистење на канал со вкупна должина од 1.900 метри, кој има значајна улога во прифаќањето и одведувањето на атмосферските води.
Досега се исчистени 900 метри од каналот, со длабочина од околу 70 сантиметри и ширина од еден метар. Активностите продолжуваат и во наредниот период, до целосно завршување на предвидената должина.
Со редовно и навремено одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на водите, се намалува можноста за нивно излевање и се придонесува кон поголема заштита на домовите, имотот и безбедноста на жителите.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на превентивното делување, континуираното подобрување на комуналната инфраструктура и реализацијата на активности кои придонесуваат за побезбедни и поуредени населени места.





