Општина Ѓорче Петров останува посветена на европските вредности и процесот на интеграција во Европската Унија.

Во Скопје се одржа 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Европскиот комитет на регионите и Република Македонија, посветен на реформите на европскиот пат и унапредувањето на практиките во јавните набавки.

На состанокот присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој истакна дека европската перспектива мора да биде јасна, предвидлива и проследена со конкретни резултати.

-Во тој процес, општините имаат значајна улога преку транспарентно работење, одговорно управување и примена на европските стандарди на локално ниво – рече Стојкоски.

Ќе продолжиме, додаде, да ја унапредуваме соработката со европските партнери, со цел создавање подобри услови за живот и поквалитетни услуги за сите граѓани.

Share