Градоначалникот Александар Стојкоски успеа во првите две години од неговиот мандат да реализира уште еден значителен проект, особено за жителите на руралниот дел од Ѓорче Петров кои имаа проблем за упис на нивните деца во градинка.
Заедно со неговиот тим и со финансиско учество на општината од 9 милиони денари пуштена беше во употреба новата градинка „Сонце“ во Волково каде веќе се згрижени околу 200 дечиња.
Во овој грандиозен објект и архитектонско дело кое е едно од најубавите во Европа, дечињата се згрижени од 9 месеци до 6 години, поделени во 7 групи.
Со отворање нови капацитети за најмладите, Општина Ѓорче Петров во соработка со раководството од градинката „Росица“, успеа значително да го намали бројот на дечиња што чекаа за упис во градинка. Од околу 800 дечиња кои беа на списоците пред две години, бројката се намали на 250 деца. Со отворање на новите капацитети за најмладите кои се планирани за следните две години од мандатот на Стојкоски, повеќе нема да има дечиња кои ќе чекаат на список за упис во градинка. Во сите градинки во Ѓорче Петров, во 2023 година се запишаа 1.350 деца.