Со цел транспарентно, одговорно и инклузивно планирање на општинските финансии, се одржа буџетски форум за подготовка на буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2027 година, на кој граѓаните имаа можност непосредно да ги споделат своите предлози, идеи и приоритети.

На форумот присуствуваа граѓани кои преку активна дискусија и конструктивни предлози дадоа свој придонес во утврдувањето на потребите и приоритетите на локалната заедница.

Општината ја препознава важноста на активното учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, бидејќи токму тие најдобро ги познаваат потребите и предизвиците во своите населени места.

Добиените предлози ќе претставуваат значајна основа во понатамошниот процес на планирање и креирање на буџетот за 2027 година, со цел реализација на проекти и активности кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на сите жители.

Општина Ѓорче Петров упатува благодарност до сите граѓани за покажаниот интерес, иницијативност и конструктивното учество.

Share