Во ОOУ „Димитар Беровски“ во општината Ѓорче Петров се изврши пробната евакуација при елементарна непогода - пожар. Наставниците и учениците беа запознаени со процедурата за евакуација и насоките за излез од училишната зграда. Евакуацијата започна со три последователни ѕвонења на училишното ѕвоно.

Денес, Советот на Општина Ѓорче Петров ја одржа 61-та седница на која советниците донесоа голем број значајни одлуки. Со едногласна одлука од Советот на општината беше донесена одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата од опожарената зграда во населбата Даме Груев во висина од 250.000 денари. Градоначалникот Сокол Митровски и членовите на Советот на општината Ѓорче Петров дополнително презедоа обврска од правните субјекти да обезбедат други материјални и финансиски средства за помош на најоштетниот граѓанин на кој му беше изгорен станот во целост.

Дечињата од сите шест клона од градинката „Росица“ во општината Ѓорче Петров се израдуваа на најновите играчки кои ги добија деновиве. Меѓу играчките се најдоа автомобили, кукли, мечиња, топки, коњчиња-лулашки, разни реквизити за игра преку кои се развива детската интелегенција, а не изостанаа ниту оние со дидактички содржина, кои се методолошки и еколошки во согласност со европските стандарди. „Со ова се обнови и се зголеми бројот на играчки за децата и сите градинки ќе бидат опремени со нив.

Улиците „31“, „33“, и „ 53“ во Волково, општина Ѓорче Петров се подготвуваат за асфалтирање. На споменатите улици е започнато со подготовка за асфалтирање уште пред два месеци но студеното време и неповолните временски услови не дозволија  да се финишира со асфалтирање на истите. Преостанатите градежни работи за целосно заопкружување на проктите планирано е да се завршат до крајот на март 2017година, односно со започнување на работа на асфалтните бази ќе започне и асфалтирањето на споменатите улици. Од снегот и студот на некои делови оштетени се веќе тампонираните улици, поставени се и ивичници и изведена е канализација. Пред асфалтирање ќе бидат отсранети сите недостатоци. Работите ги иаведува „Јубај-2“ од Скопје а средствата за реализирање на овие проекти се обезбедени од буџетот на општината.