Градоначалникот во рамките на одредбите од член 46 од Статутот на Општината ги има следните надлежности:

1. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на Општината.
2. Ја контролира законитоста на прописите на Советот.
3. Ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината.
4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.
5. Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината.
6. Го предлага Годишниот Буџет и Годишната сметка на Буџетот на Општината.
7. Го извршува Буџетот на Општината.
8. Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс.
9. Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности согласно со Статутот.
10. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со Закон.
11. Раководи со општинската администрација.
12. Донесува Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација.
13. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.
14. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со закон и Сатут и
15. Врши други работи утрдени со закон и со Статутот