„Црногорска 2“, улица на која цели 20 години никој ништо не превземал. Деновиве заврши целоснта реконструкција на истата.  Божидар Димовски, староседелец на оваа улица, не го криеше своето задоволство од градежните работи кои во целост им го изменија начинот на живот. „Изгубивме секакава надеж дека некогаш и оваа улица ќе биде асфалтирана. Кога почнаа со работа, пак не верувавме. Наутро ѕиркав низ прозорец да видам дали градежните машини се сеуште тука. Кога ќе ги здогледав ми олеснуваше. Знаев дека нашиот градоначалник и општината, а и градот Скопје нема да отстапат и до крај ќе си ја завршат работата.

Општина Ѓорче Петров ги заврши работите на поставувањето на атмосферската канализација на улицата „Гостиварска“  во населбата „Ѓорче Петров 2“. Поставени се цевки со широчина од ф 315 во должина од 260 метри. Поставени се и 6 шахти. Воедно ќе се постави и ново улично осветлување, а ќе биде заменет и дотраениот асфалтен слој со нов. Работите ги изведуваат „Јубај“ и АД „Карпош“ Скопје, а треба да завршат до крајот на месец јули 2017 година.

Викендов во Општина Ѓорче Петров се одржа државен бодовен натпревар во латино американски и стандард танци, во организација на Танцовиот спортски клуб Бранимир и Бранкица од Ѓорче Петров, кој  е член на Танцовата спортска федерација на Македонија, која пак е член на Светската танцова федерација (WDSF). Покрај натпреварувачите од ТСК Бранимир и Бранкица- Скопје, на државниот натпревар учествуваа танчари од  ТСК Динамик-Куманово, ТСК Темпо-Прилеп, ТСК Степ ап-Битола, ТСК Прима Данца-Скопје и ТСК Ритам плус-Скопје.

Во спортската сала „Христо Батанџиев“ во општината Ѓорче Петров , во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт Ѓорче Петров во соработка со КК „ Ѓорче Петров“, се  одржа турнир во карате. На натпреварувањата учествуваа над 70 каратисти од сите основни училишта во општината. Првото место на натпреварот го освои екипата на ОУ „Тихомир Милошевски“, сребрениот медал и припадна на екипата од ОУ „Јоаким Крчоски“, а пак третото место го освоија каратистите од ОУ „Страшо Пинџур“.

По повод завршувањето на школската година , на стадионот „Македонски лавови “ во општината Ѓорче Петров, се одржа дванаесеттиот традиционален „Бон-Бон клуб“ на кој учество зедоа ученици од четвртите одделенија од општинските училишта. Над  200 ученици, со помош на стручни лица и тренери , ги учеа тајните на фудбалот како спорт. На трибините на стадионот можеа да се забележат и поголем број навивачи и роднини на децата кои безрезервно ги поддржуваа учесниците, а добрите фудбалски потези од четвртоодделенците многупати беа наградувани  со аплаузи.