Започна комплетната реконсрукција на културниот дом во селото Кучково, општина Ѓорче Петров. Обнова на домот ќе опфати поставување на армирани бетонски платна во подрумскиот дел, изработени се нови нисечки столбови, а деновиве ќе започнат работите на новата кровна конструкција. Се планира на целосната обнова да се работи наредниве 90 дена. Ќе бидат изградени: канцеларија за месната заедница, сала за одржување на културни настани и средби на граѓаните и ќе се изградат нови санитарни чворови. Ќе бидат поставени нови ПВЦ прозори и врати и енергетско ефикасна фасада. 

По повод патронот во присуство на голем број родители, ученици и претставници од Општина Ѓорче Петров, Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски, академскиот склулптор, Сокол Цфарку и Директорот на ОУ Мирче Ацев, Гоце Боцевски свечено ја открија бистата на македонскиот великан и патрон на училиштето, Мирче Ацев.

Информации за уписот во прво одделение кој е во тек и подготвеноста на училиштата за екстерното тестирање беа дел од темите за кои се разговараше на денешниот состанок на градоначалникот Митровски со директорите од основните училишта во општината. На состанокот се разговараше и за промоцијата на средното училиште „Кочо Рацин“ и начините како да се мотивираат учениците од општинските основни училишта за упис во ова средно училиште зад кое стои стручен тим и квалитетен кадар кое покрај гимназиско образование, нуди и специјализирани струки како текстилно-кожарска струка и уметничко образование.

Црвениот крст на Р. Македонија во соработка со општината Ѓорче Петров го имплементира проектот „Преземи акција за подобра конкурентност  на пазарот на трудот“ во партнерство со „Занаетчиската комора на град Скопје, финансиран од Европската унија. Целта на проектот е да придонесе во зголемување на учеството на лицата кои се социјално изолирани за пазарот на трудот за намалување на невработеноста во Македонија. Во првата фаза на проектот преку идентификација и селекција од вкупно 210 лица контактирани и посетени беа селектирани 40 лица кои ги исполнуваа критериумите за вклучување во проектот врз основа на нивните капацитети и потенцијали. Во рамки на проектните активности беа организирани и реализирани 3 работилници за меки вештини со цел унапредување на социјалните вештини на корисниците.

Младите ракометарки од ООУ „Димитар Беровски“  предводени од  тренерот, Зоран Наков  беа примени од првиот човек на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски кој се заблагодари за успешната презентација на општината на градскиот натпревар во ракомет на кој го освоија првото место. Во финалето противник на училиштето „Димитар Беровски“ беше екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“ кој го поразија со 13-11 и со тоа обезбедија пласман на државното првенство кое ќе се одржи во Македонска каменица. Добрата игра на младите спортистки од Ѓорче Петров ги однесоа на врвот, благодарение на успешните првотимци кој овој тим го прават непобедлив.