|
Вторник приемен ден за граѓаните на Ѓорче |
|
|
|
|
Вторник, 18 Јуни 2013 |
|
Денес,во општинската сала градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски ги прими заинтересираните граѓани со цел решавање на нивните проблеми во надлежност на општината. Заедно со секторските раководители на општинската администрација ги проследи барањата на граѓаните се со цел за брзо решавање на нивните проблеми.
Граѓаните во најголем дел беа заинтересирани за процесот на легализација на земјиштето, дивоградбите а како најголем проблем е насочена невработеноста. Оваа практика на првиот човек на општината ќе продолжи и во иднина. И до сега вторникот беше примен ден за граѓаните а градоначалникот Митровски ги примаше во кабинетот. Со цел работите да се решаваат во најкраток можен рок воведена е новата практика.
|
|
„Женидба“ на сцената на Културниот центар – Ѓорче Петров |
|
|
|
|
Среда, 12 Јуни 2013 |
|
Театарската претстава , комедијата „ЖЕНИДБА“ по текст на Н.В.Гогољ беше реализирана во склоп на програмата Едукативен театар како средство за инклузија на ромите во културата. Се одигра во Домот на културата Ѓорче Петров Скопје.Претставата се работеше од септември 2013 ,а премиерата беше изиграна на 30 мај 2013.Во претставата учествуваат актери аматери од ромска припадност од општината Ѓорче Петров.Ученици од основното училиштето Страшо Пингур и од неколку средни училишта од Скопје. На овој проект работеше и претстават ја режира актерот Златко Митрески.
|
|
|
|
Лист 1 од 73 |