Општина Ѓорче Петров денеска блесна во духот на музиката, играта и културната традиција, како домаќин на 23 Регионална ревија на песни, музика и игри, организирана од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Домот на културата беше преполн со енергија, емоции и аплаузи – настапите на пензионерските друштва од повеќе општини беа вистинско сведоштво за неуморниот дух, љубовта кон македонската култура и богатото фолклорно наследство.
-Во секоја песна, во секое оро и секој стих се чувствуваше гордоста што ја носиме како народ. Чест ми е што токму Ѓорче Петров беше местото каде денеска се славеше животот, заедништвото и традицијата,“ изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Преку оваа ревија, уште еднаш беше потврдено дека културата не познава возраст – таа обединува, мотивира и инспирира. Општина Ѓорче Петров останува посветена на поддршка на вакви настани, кои ја збогатуваат заедницата и го носат духот на Македонија низ генерации.