Едногласно усвоени измените и новите развојни програми на Општина Ѓорче Петров!

Преку овие развојни програми се очекува вистински инвестициски бум во нашата општина и реализација на голем број капитални проекти.

📌Се предвидува:

✅️Изградба на нови 3 градинки

и тоа во населба Дексион, населбата Александрија и Ново Село, а веќе се отпочна со градба на нова градинка во Стопански Двор;

✅️Изработка на основен проект за изградба на ново општинско училиште во СЗ 16 населба Александрија;

✅️Реконструкција и надградба на основното училиште Јоаким Крчовски во Волково;

✅️Реконструкција и надградба на основното училиште Страшо Пинџур во Даме Груев;

✅️Се отпочна со изградбата на училишната спортска сала во подрачното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски во населба Хром;

✅️Реконструкција на спортската сала Христо Батанџиев во Ново Село;

✅️Изградба на спортски комплекс во УПС Ново Село до новата градинка во Стопански Двор;

✅️Изградба на нов еко парк во СЗ 20 до спортскиот комплекс Македонски Лавови;

✅️Реконструкција и доградба на домот за културата Ѓорче Петров;

✅️Целосната реконструкција на улицата Радушка е во завршна фаза;

✅️Се гради нова пешачка патека со осветлување од ООУ Јоаким Крчовски во Волково до село Орман во должина од 1800 метри;

✅️Изградба на нова монтажна катна гаража во реонскиот центар на општина Ѓорче Петров;

✅️Изградба и реконструкција на улици во урбаниот и руралниот дел на општината во вкупна вредност од 140 милиони денари;

✅️Изградба на водоводни мрежи со вкупна вредност од 10.780.000 денари;

✅️Изградба на канализациони мрежи во вредност од 15 милиони денари.

Со овие капитални проекти ќе се подобри животот на сите граѓани во општината, ќе се овозможи урбан развој и ќе решат голем број на проблеми и потреби на жителите.

Ѓорче Петров ќе биде модерна, урбана и развиена општина!

Share